Иако секој проект е уникатен и прилагоден на потребите на нашите клиенти, во најголем дел од случаи следиме јасен процес и работата ја организираме во следните неколку чекори
Средба со клеинтот и посета на терен. Со нас ги споделувате вашите потреби за намена на просторот. Ве сослушуваме и заедно го дефинираме вашиот стил и очекувања од проектот.
По самата средба ви проследуваме понуда и чекаме на ваша потврда за почеток на соработка.
По зададените барања започнуваме со организација на просторот и функционално зонирање на вашите намени - со цел да се добие идеално решение кое ќе одговара на сите ваши потреби.
На изготвениот распоред правиме уникатен и персонализиран дизајн кој го презентираме со помош на реалистични 2Д, 3Д визуелизации, Mood Boards, и различни техники зависно од карактерот на самиот проект.
Спремаме детална техничка документација со сите потребни димензии и фази неопходни за реализација на проектот. Добивате насоки за целосна изведба, материјализација и набавка на избраниот мебел и декорација.
По желба на клиентот нудиме организација на комплетна изведба и надзор по изготвениот проект.